Рајола ги откри картите: Погба заврши со Јунајтед

фото: твитер

Контроверзниот фудбалски агент, Мино Рајола, кој се грижи за кариерите на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба смета дека неговите клиенти би биле одличен тандем.

Рајола верува дека идеален тим за Златан Ибрахимовиќ кој и на 39. години игра во врвна форма и е прв стрелец во Серија А со 10 постигнати гол, е актуелниот италијански шампион, Јувентус.

Јувентус требаше да го ангажира Златан. Тој би бил идеален партнер во нападот на Кристијано Роналдо – вели Рајола.

Златан Ибрахимовиќ/EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Токму поради одличните игри на Ибрахимовиќ, Милан се наоѓа на чело на табелата во Серија А со 26 бода од 10 кола, пет повеќе од второпласираниот Интер.

Рајола не застанува тука и вели дека Пол Погба заврши со Манчестер јунајтед и по завршување на договорот кој трае до 2022 година, ќе си замине од „Олд трафорд“. Пол Погба откако во 2016 година за 105 милиони евра пристигна на „Олд трафорд“ никако да ги повтори игрите од дресот на Јувентус, а францускиот репрезентативец е незадоволен и од статусот во тимот и нема шанси да прифати да седне на прегови за нов договор.
Готово е, Погба заврши со Јунајтед – кратко одговори Рајола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот