Работнички купи Кореец

фото: ФК Работнички

Работнички го доведе првото засилување за новата сезона. Корејскиот интернационалец Хјунг-јон Ли потпиша двегодишен договор со клубот и е првата аквизиција под раководство на новиот тренер Александар Влахо.

Хјунг-јон Ли има 21 година, игра во средниот ред и во изминатиот период настапувал во неколку германски нисколигаши. Доаѓа од клубот Геншајм, а претходно бил член и на Фонтана Финтен и Вехен.

Првата прозивка за новата сезона Александар Влахо ќе ја изврши на 26 јуни, а дотогаш раководството ќе работи на ангажман на уште неколку нови засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот