Работа од соништата или од пеколот: Колку заработуваат дадилките на Kардашијан?

принтскрин/инстаграм

Секоја сестра Кардашијан има најмалку по три дадилки кои имаат полно работно време во познатото семејство. За вработување на нови дадилки е задолжена Крис Џенер.

Кортни, Ким, Клои и Кајли никогаш не криеле дека сакаат многу деца, ама за нив не се грижат тие самите. За да го усогласат мајчинството со работата, овие ѕвезди ангажирале дадилки, а секоја од нив ја плаќаат по 100.000 долари годишно.

Кога Клои минатата година ја роди ќерката Тру, неколкупати беше фотографирана со дадилката која не се одвојувала од неа. Фановите тогаш ја критикуваа старлетата дека не може без дадилката, но Клои не го демантираше тоа, туку рече дека самата не може да постигне да се грижи за бебето, и дека и е неопходна помош од дадилката.

Каније на дадилката и давал секој ден по 2000 долари на рака за во текот на ноќта да ја чува Норт бидејќи Ким не смеела да се вознемирува и да станува ноќе за да го смири бебето кога ќе се расплаче.

Кортни има поинакви барања. Таа сака дадилката да и се обраќа со „мадам“, а ако не го направи тоа, веднаш ја отпушта.

Кајли не штеди кога се работи за дадилки. За нејзината ќерка да има сè што и е потребно, Кајли вработила 4 дадилки кои деноноќно се грижат за неа. Бидејќи се плаши од бактерии, од своите дадилки бара често да си ги мијат рацете.

Ким сака нејзините вработени секогаш да одат зад неа, а тоа ги вклучува и дадилките. На една вечера, забележено е дека ќерка и јаде на друга маса со дадилката, додека Ким седела одвоено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот