Рабио и дефинитивно во Јувентус

EPA-EFE/YOAN VALAT

Како што и се најавуваше, поранешниот играч за врска на ПСЖ од наредната сезона ќе ги брани боите на Јуве, иако „Старата дама“ не ги откри деталите околу договорот.

Се шпекулира дека Французинот ќе потпише на пет години во трансфер вреден 35 милиони евра.

Доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со францускиот шампион. Претходно голем интерес за неговите услуги покажаа уште Барселона, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Ова е трето летно засилување за Јувентус после Арон Ремзи од Арсенал и Лука Пелегрини од Рома.

Италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро ќе биде промовиран и младиот фудбалер на Ајакс, Матијс де Лихт, најголемото откритие лани во Лигата на шампионите, а воедно дефанзивецот го привлече и вниманието на Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот