ПУТИН ЗА ВЕНЕЦУЕЛА: Нема да испраќаме војска во оваа земја! (ВИДЕО)

Фото: EPA

Претседателот на Русија, Владимир Пурин, изјави дека Москва нема намера да праќа војници ниту да формира воени бази во Венецуела.

Коментирајќи ја изјавата на Трамп, дека Москва го известила Вашингтон за повлекување на персонал од Венецуела, Путин рече дека руски експерти биле во Венецуела за да го одржуваат руското оружје кое Каракас го купил.

– Не создаваме никакви бази, ниту пак ќе испраќаме војници таму. Ќе ги почитуваме нашите обврски во областа на војната и техничката соработка со Венецуела – изјави Путин на состанокот со функционерите на меѓународните известувачки агенции.

Рускиот претседател додаде дека американските санкции и нанеле штета на обичните луѓе во Венецуела и ги предупреди САД да не применуваат сила во таа земја.

– Народот мора сам, преку дијалог, консултации и соработка да одлучи дали Мадуро ќе остане на власт или не – изјави рускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот