Путин за повикот од Лукашенко: Се уште нема потреба од руски сили во Белорусија

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во Белорусија се стабилизира и дека нема потреба да се користат руските сили во таа земја.

Путин рекол дека се надева дека во иднина нема да има потреба за тоа, за што и Минск се сложува.

Рускиот претседател потсети дека, според документите за соработка на Русија и Белорусија, секоја земја „треба да и помогне на другата во заштита на нејзиниот суверенитет, надворешни граници и стабилност“.

– Со тоа, ние имаме обврска спрема Белорусија и Александар Лукашенко рече дека би сакал да му испратиме помош, ако тоа биде неопходно. Реков дека Русија ќе ги исполни сите свои обврски, нагласи Путин.

Рускиот претседател рекол дека руските сили нема да бидат користени „се додека екстремистите во Белорусија не пројдат одредени граници“, пренесува Спутник.

– Нема да бидат користени се додека екстремистичките елементи, кои се кријат позади политичките пароли, не пројдат одредени граници, едноставно почнат да ограбуваат, да палат автомобили, куќи, банки, да пробуваат да заземат административни згради и останато, додал рускиот претседател.

Повеќе од 6.700 луѓе биле приведени во Белорусија за време на првите неколку дена од масовните протести по претседателските избори на 9 август, се наведува во официјалните податоци. Стотици луѓе се повредени во немирите, вклучувајќи и повеќе од 150 припадници на безбедносните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот