Путин: При промената на Уставот мора да се провери секоја буква и запирка

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека при промена на Уставот мора да се провери секоја буква и запирка и дека не треба да се изгуби ништо.

– Многу е важно да се провери секој збор, секоја запирка, но во исто време да не се дисецира нешто што е создадено со работата на нашиот народ во тековниот Устав. Не треба да се загуби ништо, туку да се одговори на денешните предизвици – рече Путин на состанокот со работната група за измени на Уставот.

Според него, работната група почна со работа веднаш по првиот состанок на 16 јануари.

Тој додаде дека бројот на предложени амандмани веќе достигна 500.

– Тоа е сериозен предизвик – рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот