Путин понуди бесплатна вакцинација за персоналот на ОН

Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин на говорот на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации понуди бесплатно вакцинирање на персоналот на ОН со новата руска вакцина Спутник-V, пренесува Бета.рс.

„Секој од нас би можел да се соочи со тој опасен вирус. Вирусот не го поштеди персоналот на ОН, неговото седиште и регионалните служби“, рече Путин на снимениот говор од Москва.

„Русија е подготвена да му пружи неопходна и експертска помош на персоналот на ОН, а наш посебен предлог е со нашата вакцина бесплатно да ги снабдиме вработените во организацијата кои доброволно ќе се пријават за вакцинација“, рече Путин кој вакцината ја најави минатиот месец и додаде дека неговата ќерка е меѓу оние кои ја примиле.

Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

Својата понуда тој ја опиша како одговор на барањето: „Некои колеги од ОН прашаа за ова и нема да останеме рамнодушни спрема нив“.

Портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис одби да ја коментира понудата на Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот