Путин негира користење на двојник

Фото: dmitry astakhov / EPA

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека на почетокот од 21 век имало идеја за негов двојник со цел да се осигура безбедност на шефот на државата, но оти тој одбил.

– Ја отфрлив идејата за каков било дублер. Тоа беше за време на најтешкиот период на нашата војна против тероризмот, изјави Путин за руската новинска агенција ТАСС во интервјуто „20 прашања со Владимир Путин”.

Последните 20 години руската јавноста често изнесуваше претпоставки дека претседателот на Русија користи двојник на настани на кои неговиот живот би бил доведен во опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот