Путин не користи паметен телефон, но понекогаш користи интернет

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не користи паметен телефон, иако од време на време користи интернет, изјави за радиостаницата „Комсомолскаја правда” портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Нема паметен телефон, тоа едноставно е невозможно, рече тој.

Иако Путин повремено користи интернет, тој нема многу време, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин може да прочита бројните објави на интернет за него и неговото опкружување.

Портпарол на Кремљ потсети дека Путин во изминатите денови се подготвувал за годишната прес-конференцијасе занимавал со горливите државни прашања, вклучувајќи ги и цените на храната.

На прашањето кој може да стои зад лажните вести за личниот живот на Путин, Песков истакна дека некои неодамна објавени материјали „насекаде имаат отпечатоци од странска разузнавачка агенција”, но се воздржаа да ги именува.

Путин вчера ги прозва американскиот Стејт департмент и американските разузнавачки агенции дека се автори на лажни вести за него и неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот