Путин: Да не штедиме напори за решавање на конфликтот во Либија

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Берлин со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека дијалогот за Либија ќе продолжи и оти конфликтот во земјата ќе биде решен.

– Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт, рече Путин на средбата со Ердоган, одржана на маргините на состанокот во Берлин.

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Во Берлин денеска се собраа клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се спречи мешањето на странски воени сили, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига на самит во германскиот главен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот