Пукање во скопско село, ранетиот починал на пат кон болница

Фото: Anuar T / Google Maps

Двајца непознати напаѓачи вчера пукале и смртно раниле човек од скопското село Ласкарци, соопшти полицијата.

„На 04.07.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 21.31 часот во с.Ласкарци, скопско, две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци. Тој се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза”“, велат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот