ПУКАЊЕ ВО ЛОНДОН: Затворен Лондонскиот мост, повредени повеќе лица, полицијата го застрелала напаѓачот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Британската полиција соопшти денеска дека привела човек кој со нож нападнал луѓе во близина на Лондонскиот мост во главниот град на Велика Британија.

Според британски медиуми, има повредени лица во нападот и биле регистрирани и два истрела.

Полицијата го запрела движењето по мостот, а потоа го застрелала напаѓачот, јавуваат англиските медиуми.

Здравствените власти во градот прогласија „голем инцидент”.

Познатиот Лондонски мост бил затворен откако граѓани пријавиле дека слушнале пукање, соопшти метрополитанската полиција.

На Твитер полицијата објави дека службеници се занимаваат со инцидентот на мостот на реката Темза по пријавеното пукање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот