ПСЖ одби 300 милиони евра за услугите на Нејмар

epa09113496 Paris Saint Germain's Neymar Jr (C) in action during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint German and Lille OSC, in Paris, France, 03 April 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Поранешниот агент на Нејмар, Вагнер Рибеиро имаше едно интересно интервју за „Л’Екип“. Тој откри дека Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, испратил понуда од 300 милиони евра до ПСЖ во 2019 година за да го ангажира Бразилецот, но Насер ал Келаифи, претседателот на парискиот клуб, категорично истата ја одбил.

– Келаифи рече дека нема да го пушти да замине Нејмар ни за милијарда евра – откри Рибеиро.

Еден од највлијателните агенти во Јужна Америка вели дека Реал со години го бркал својот поранешен клиент, но желбата му беше да оди во Барселона.

– Нејмар го видов за првпат во футсал, тој имаше 12 години. Уште тогаш Реал беше заинтересиран за него, но претседателот на Сантош, Марсело Тешеира, му даваше 10.000 евра месечно.

И Челси се вклучи во игра за тогашниот тинејџер, а во 2012 година битка водеа Реал и Барселона. Тој замина една година подоцна, поради повик кој го добил од Пеле.

– Реал инсистираше да го донесе, но Нејмар не сакаше да оди во Мадрид. Тој сакаше да оди во Барселона, го викаа Меси, Пике..,но Сандро Росел не сакаше јас да учествувам во преговорите. Тој не ми плати ниту цент за неговиот премин, а јас бев отстранет од прославата, затоа што бев поблизу до Флорентино Перез – потенцираше Рибеиро.

Тој откри и како неговиот клиент направи трансфер во ПСЖ.

– Платата на Нејмар порасна од 11 на 28 милиони годишно во Барса, а потоа дојде ПСЖ и плати 222 милиони отштета, и му обезбеди 36 милиони по сезона. Беше невозможно да се одбие таквата понуда.

Вагнер Рибеиро на крајот порача дека неговиот поранешен клиент сигурно ќе остане во градот на светлината.

– ПСЖ оваа сезона сигурно ќе ја освои Лигата на шампионите, а Нејмар ќе ја освои „Златната топка“. Сигурен сум дека тој ќе остане, бидејќи никој друг не може да си дозволи луксуз да го има Нејмар. Реал Мадрид има финансиски проблеми, Барса уште поголема. Ниту еден клуб не може да се натпреварува во Италија, ниту Манчестер јунајтед и Сити. Не верувам дека некој може да го обезбеди неговиот потпис – се зборовите на Рибеиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот