Пржински хаос – вторпат

Мухамед Халили, Фото: Архива

„Пржино“ измислуваше разни непотребни владини институции: технички премиер, технички министри, дополнителни министри, помошници на заменици на министри, министри над министри и дополнителни министри под министри и така натаму. Балканско-европски глупости!

Пржино, едно скопско градско маало (синоним на едно бачко село во Војводина, Караѓорѓево, каде што Тито некогаш ги дисциплинираше непослушните републички раководители) во 2015 година стана место каде што странските медијатори, олеснувачи, инструктори, професори ги научија нашите политичари (кои секојдневно позираа пред телевизиските камери) како се води држава, како треба врвните политичари во случај да ја злоупотребиле функцијата да одговараат пред (не)партискиот суд, како да одржиме фер и демократски избори и многу други работи.
Под диригентската палка на Петер Ванхауте, белгиски медијатор, „славната македонска политичка четворка“ на 2 јуни 2015 се заколна дека ќе го стави интересот на државата на прво место и ја повтори определбата за истрајност во евроатлантските процеси и за почитување на демократските принципи и норми. Но, така никогаш досега не било. Тоа беше нивна лажна изјава.
„Пржино“ измислуваше разни непотребни владини институции: технички премиер, технички министри, дополнителни министри, помошници на заменици на министри, министри над министри и дополнителни министри под министри и така натаму. Балканско-европски глупости!
Неодамна за време на конференцијата на НКЕУ во Скопје мака мачев да му објаснам на еден советник на ЕК и претседател на италијанското Европско движење Пјер Дастоли што е тоа Пржинска влада оти тој кимаше со глава и ми велеше: „Не, не можам да го разберам тоа. Во Европа нема таква влада“.
„Пржино“ измисли специјална обвинителка без доволно искристализирани правни инструменти која накитена со големите привилегии што ги уживаше и авторитетот што го уживаше меѓу народот, се засрами себеси и нацијата, исто како и земјата во која главен судски процес речиси цела една година беше екстравагантниот протагонист со италијански бренд очила, „Бос“ и други бренд алишта, „Боки 13“, со неговата ташна со „милиони евра“ од која еврата „самоиницијативно“ побегнале и никој не можеше да ги најде.

Што вреди празна ташна без евра!

Сѐ што беше корупција и економски криминал се замолчуваше и ги чекаа фамозните измени на кривичниот законик на проевропската влада.
Сите тие што Јанева, Фетаи и Ристоска ги гонеа под сомнение дека сториле тешки кривични дела, паднаа под владината „општа амнестија“ преку укинување на член 353 за злоупотреба на службената положба и 394 од Кривичниот законик за злосторничко здружување, прекрасен подарок за моќниците од страна на „народната проевропска власт“.
„Пржино“ треба да оди во историјата, без никакво сомнение, само времето треба да се погоди кога. И не е важно кога: на сегашни или наредни избори. Поефективно ќе беше сега на овие избори. Моќниците не го дозволија тоа!
Сега не можело затоа што СДС го ветил за прв премиер „Албанецот од ДУИ“ кого ВМРО не го сакаше и не го гласаше. Останува да се види дали сторијата ќе има хепиенд или не.
Времето покажа дека дуетот СДСМ-ДУИ биле во право за првиот сто дена ДУИ технички Албанец.
Тој се покажа вистински активист: посети неколку подрачни единици на МВР-СВР, ги искара административците оти лошо работеле и така ја налути јавноста и техничкиот министер Ташковски, лекарските екипи во Гостивар го пречекаа „на мирно“, се самоодликува на Тетовскиот универзитет и плус раководи со раштиманиот оркестар на Владата.
Од сето тоа една дилема сепак остана: дали Пржино беше резултат на корумпирана демократија, како што во една колумна се изјаснува еден познат професор, или корумпирани институции од почетокот на независноста заклучно со актуелната власт?
Или дали се спасивме од тие корумпирани институции и наместо здрави, за време на новата „демократска“ власт создадовме уште покорумпирани институции и политичари?

Шарената Револуција и жолтото комбе

Историската наука не учи дека револуциите по правило секогаш се црвени оти самиот збор револуција е антоним на зборот еволуција. Таа наша македонска „револуција“ на Зоран Заев во 2014 не личеше на револуцијата на Ленин кога се создаде СССР, ниту пак на револуцијата на Тито по која во АВНОЈ се удрија темелите на СФРЈ. Македонската делегација, како секогаш несреќна: поради големиот снег не успеа да стигне во Јајце! Затоа денес го славиме АСНОМ, им објаснувам јас лаички на младите, затоа АСНОМ е вметнат во преамбулата на Уставот!
Мојот ценет другар од амбасадорите го искористи моментумот и ги предлагаше Заев и Ципрас за можни добитници за Нобелова награда на мир. Но, не успеа.
На оваа идеја се спротивстави тогашниот грчки опозиционер Кирјакос Мицотакис, сегашен грчки премиер. Тој им се закани „на Швеѓаните со остри зборови: ако ги наградите нив со Нобел, јас нема да го признавам Преспанскиот договор“. И така пропадна таа благородна идеја на мојот колега.
По досегашната жестока дебата за „внесување на Бугарите во Уставот под бугарски диктат“, искрено се надевам дека ВМРО токму на 8 мај, на Денот на Европа, по најавената победа на претседателските и на парламентарните избори, ќе го промени нејзиниот политички курс од „проруски“ во проевропски. И ќе ги гласа бараните уставни измени!
Сепак, од извори од „саглам“ Владата (демек не од техничката) дознавме дека во кабинетот на владата на експремиерот Таче стигнало и „барањето“ на Заев и Ципрас дел од уставните измени во Преамбулата да биде и Преспанскиот Договор кој заедно со Охридскиот ќе бидат историски доказ дека Македонија е земја на мултиетнички договори и тоа да биде пример како се решаваат меѓусоседските недоразбирања според критериумите на Копенхаген.
Што се однесува до ова, владините колумнисти (кои секој ден ги гледаме на телевизија) на експремиерот тоа не му го препорачуваат затоа што тогаш е можно грчкиот премиер Мицотакис да побара од Македонија, алијас Северна, да се формира заедничка историска комисија да се утврди дали Ципрас бил македонски Грк, Северен, или антички Македонец?! Дополнителен услов е двајцата да го поминат меѓународниот ветинг на судии и политичари.

Горди што живеевме и творевме за време на Револуцијата

Беше „гордо“ да се живее во Заево време: секое попладне се собиравме пред Владата и тргавме кон Министерството за правда со паролата „Нема правда, нема мир“, фрлавме молотови коктели пред државните институции на корумпираната власт на фамилијата.
И кога ја запаливме канцеларијата на експретседателот Ѓорге, тогаш го налутивме да таа мера што тој со еден декрет ги амнестираше сите владини функционери и еден од опозицијата без негово знаење!
За волја на вистината, една од најактивните „жолти револуционерки“ професорката Најчевска, нејзиното „аздисување“ по државните институции го плати со парична казна, или модерно речено глоба.
Тогаш беше вистинско задоволство да го чекаш закажаното време за прес во 14.30 на врхушката на СДСМ – Заев, Спасовски, Шилегов и со слика во заднина од што „фрла бомби“ (како некогаш Бошко Буха, како млад партизан, против непријателските војници) против Груевски и фамилијата, за по неколку часови подоцна во хор да се појави тројката Катица, Фатиме и Ленче (подоцна дознав дека Ленче ми била сограѓанка, од Тетово) како на студентските ораторски вечери со прекрасна ораторска вештина
„ОЈО се сомнева дека членот на фамилијата X.X. (секое мешање со Твитер е погрешно) направил ‘злосторничко здружување’ со другиот член на фамилијата Y. Y за тешко кривично дело злоупотреба на должноста ќе се казни по член 353 и 349“.
„Обвинителството ги приложува како доказ ‘бомбите’ на Заев; постојат докази дека делото е направено со жолто комбе ‘управувано’ од шефот на тајната служба“.
Потоа продолжуваат: „Предистражните дејствија покажуваат дека честопати ноќе и Груевски го управувал жолтото комбе и поминал до Бихаќка и прислушувал што лошо зборува Заев против него. И ова траеше сè додека Груевски на „покана“ на својот унгарски другар Орбан отиде „сургун“ во Будимпешта и таму отвори „консултантска“ фирма.
Замислете, злите духови раскажуваат дека Груевски на патот преку Албанија до Будимпешта не се возел со жолтото комбе, туку со колата на активист од коалицискиот партнер, негов близок пријател!
Истиот близок пријател на Груевски, според најновите информации на Мицкоски, во Кабинетот на шефот на државата, предложил да го амнестира Груевски. Шефот на ова „обвинување“ на Мицкоски реагираше дека долг е списокот на вмровци што од време на време пиеле чај со претседателот и ако Мицкоски побара, таков список ќе му достави пред 8 мај оваа година.
И оваа театарска претстава на „бомбите“ на Заев траеше сè додека Али го „повика на рапорт Заев“ да му објасни дека некој од албанската дијаспора почна да објавува прислушувани бомби за Али и за коњот на Шемо.
Тогаш бидна узбуна во коалициската влада. Власта се пишмани од сопствените бомби и со европско знаме донесе закон дека кој ги објавува истите „бомби“ (на Заев) со кои се обвинуваа за злодела експонeнти на поранешната опозиција, а сега власт, ризикува дводецениски затвор.
Заев отиде. Сега нема „бомби“, нема веќе обвинети или затвореници, за едно дело 10 години затвор, за другото 5, за третото… за петтото 12 или вкупно 12 години според највисоката казна.
Владата на Таче Јуниор предложи, а пратениците на власта и опозиција ги изгласаа фамозните измени на Кривичниот законик. И одиме во Европа со 2030 километри на час!
Така според Груби: Речено, сторено!
Сега сите се на слобода. Само Катица Јанева дење е на работно место во „работилницата“ на нејзиниот син и тивко размислува: чесниот граѓанин никогаш не треба да го врзе својот коњ на ист стожер со политичарите!

(авторот е член на Советот на амбасадори)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот