Првите шест базени од проектот на владата ќе бидат готови за една и пол година, другите ќе почекаат

Заложбите на Агенцијата за млади и спорт е да може базенот да го користат учениците, во состав на нивната наставна програма.

Во училишниот двор на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, почна да се гради базент, кој е во програмата на Владата за изградба на 14 затворени пливачки базени во повеќе градови и општини во Македонија.

Иако изградбата на базените Зоран Заев ја најавуваше уште во 2018 година, проектот започна вчера од Тетово, а во наредниот период ќе продолжи во Кисела Вода, Кичево, Битола и Штип.

Во втората фаза базени ќе се градат во Аеродром, Чаир, Карпош, Струмица, Гевгелија, Неготино, Прилеп и Кавадарци. Процедурата и постапката за нивната изградба ќе започне по завршувањето на изборите, а целосната изградба ќе биде во 2021 година.

– Со тоа ќе ја затвориме првата фаза од изградбата на шест пливачки базени, кои ќе го подигнат спортскиот стандард и стандардот на спортистите. Пливањето е базичен спорт и важно е да ги натераме децата уште од најмала воздраст да го засакаат пливањето и да се превенираат евентуални деформитети во нивниот раст и развој, но и да дадеме вредност на споротот во нашата држава, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој објасни дека за изградбата на базените, консултирани се спортски работници.

– Проектот го стартувавме во консултација со спортски работници и пливачи и сите бевме согласни дека навистина е потребна реализација на ваков проект. Рокот на изведба на овој проект е 18 месеци, што значи дека за една и пол година ќе имаме нов, современ и енергетско ефикасен базент кој што ќе биде во функција на граѓаните.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски истакна дека се прават заложби за на најмладите да им се обезбедат услови за практикување на спортски активности.

„Ѓорче Петров за прв пат во историјата добива затворен базент кој што покрај спортските работници, ќе можат да го користат сите останати граѓани. Во исто време во општината се градат и други спортски објекти, како спортска сала во клонот на ОУ„Димитар Поп Георгиев- Беровски“ а при крај е изградбата и на спортската сала во ОУ „Јоаким Крчовски“, рече Наумоски.

Заложбите на Агенцијата за млади и спорт е да може базенот да го користат учениците, во состав на нивната наставна програма.

– Една од главните заложби е децата барем еден час по физичко образование до го поминат во базенот, а по завршувањето на училишниот ден, базенот да можат да го користат и рекреативци, додаде Каевски.Локацијата е избрана во претходна консултација со спортски работници кои детектирале дека е потребно да има ваков затворен пливачки базент. Овие спортски работници ќе дадат свое мислење и за процесот на функционирање, со цел да се извлече максимум од овие базени, нагласи Каевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот