Првиот авион со посмртните останки полета од Софија: Дамир Османов за последен пат ќе се прости од сопругата и ќерката

Екипа на „Слободен печат“ е на скопскиот аеродром каде се очекува да пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа

Првиот од двата воено-транспортни авиони кои треба да ги донесат посмртните останки на 45-те патници кои трагично го загубија животот во автобуската несреќа во Бугарија, тргнал пред околу 15 минути.

Полетувањето на авионите беше одложено за еден час поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер.

На аеродромот во Скопје, присутни се роднини на починатите. Дамир Османов чиишто ќерка и сопруга загинале во автобусот, вели дека неговата ќерка во Турција заминала за да купи чеиз за свадба.

Дамир Османов, Фото: Слободен печат

– Ќерка ми се подготвуваше за свадба, во април ни беше закажана. Требаше да живее во Америка. Утрото на 23 ноември станав рано за да одам на автобуска да ги пречекам, тогаш ми се јави ќерката да ми каже дека имало несреќа. Јас пробував да дознаам дали автобусот со кои патуваа жена ми и ќерката е запалениот, бев во неизвеснот, многу ми беше тешко. Откако дознав дека тој е автобусот, повторно бев во неизвеснот, бидејќи не знаев дали се моите живи или не.  За оваа болка нема утеха, јас имам уште три ќерки и син, ама за болката нема утеха. Можам само да кажам дека таква била вољата гоисподова – изјави Османов за „Слободен печат“.

Тој вели дека телата на неговите најблиски ќе бидат погребани денеска и дека е добро што нема да има поворка која беше откажана поради барањето на роднините на починатите.

Тишината зборува за тагата: На плоштадот „Скендербег“ поставени букети цвеќе за оддавање почит на жртвите од сообраќајната несреќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот