Тишината зборува за тагата: На плоштадот „Скендербег“ поставени букети цвеќе за оддавање почит на жртвите од сообраќајната несреќа

плоштад скендербег
Плоштад „Скендербег“, Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Неколку букети цвеќе поставени утринава на плоштадот „Скендербег“ во Скопје се симбол на пристигнувањето на телата на загинатите во трагичната несреќа што се случи во Бугарија на 23 декември, каде животот го загубија 45 граѓани на Република Северна Македонија, а преживеаја 7 патници.

Во скопската чаршија владее молк. Тишината зборува за тагата за оваа голема загуба, додека поголемо раздвижување на граѓаните не се забележува.

плоштад скендербег
Плоштад „Скендербег“, Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Поради верските норми и обичаи на исламската вероисповед, но и поради промената на програмата за прием на мртовци, не се очекува големо учество на граѓаните во оваа активност.

Роднините на жртвите побараа телата на загинататите што поскоро да бидат примени во нивните домови, пред петочната молитва, за да се изврши нивното погребување по оваа молитва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот