„Првата венчавка беше ноќна мора“: Никола Пелц сака да направи нова свадба со Бруклин Бекам

Првата венчавка на Никола Пелц и Бруклин Бекам / Фото: Инстаграм/„Вог“/Герман Ларкин

Американската актерка Никола Пелц (28), наводно, сака да направи уште една свадбена церемонија со сопругот Бруклин Бекам (24).

Пелц и Бекам се венчаа во април минатата година, но Никола сега сериозно размислува за втора венчавка бидејќи првата ѝ била „стресна од почеток до крај“.

„Целата венчавка ѝ беше ноќна мора. Далеку од тоа дека беше задоволна со венчавката. Таа му кажа на Бруклин дека има чувство дека тоа сè уште има влијание на нивниот однос и дека ѝ е тешко да ги гледа фотографиите од свадбата. Тоа ја потсетува на целата драма, бидејќи и двајцата изгледаат многу напнато на фотографиите“, изјавил извор близок до парот за британскиот магазин „Клоусер“.

„Најверојатно ќе направат втора венчавка на нивната прва годишнина. Никола сака да повтори сè со нова венчаница, нови фотографи и сака сè да изгледа уште пораскошно“, додал изворот, истакнувајќи дека ова втора венчавка би можела да биде одлична можност Никола и нејзината свекрва Викторија Бекам да ги подобрат односите, нешто што би значело нов почеток за нив.


Модното списание „Вог“ ја нарече „венчавка од соништата“, но вистината е дека целиот настан бил толку хаотичен што дури и таткото на Никола Пелц, милијардерот Нелсон Пелц (80) бил разочаран од целата организација. Поради тоа, тој поднесе тужба против организаторките на првата венчавка Никол Брагин и Аријана Гријалба, барајќи враќање на неговиот депозит од 132.000 фунти.


Но, минатата недела Брагин и Гријалба одговорија на тужбата, нарекувајќи го Пелц „силеџија“ и поднесоа противтужба за прекршување на договорот. Исто така, тие ги тужат Никола, нејзината мајка Клаудија и дизајнерот на венчавки Риши Пател за најмалку 41.000 фунти плус трошоци, кои би можеле да достигнат стотици илјади фунти.


Агенцијата за организација и декорација на свадби „Plan Design Events“ била ангажирана минатиот февруари, само шест недели пред свадбата. Организаторките Брагин и Гријалба се согласиле на хонорар од 264 илјади фунти, а Пелц платил депозит од половина од сумата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот