Првата личност која се зарази со Ковид-19 во Болоња, сега има делта сој

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Бјанка Доброју (24) која минатата година беше првата личност во Болоња заболена од коронавирусот, сега е заразена со делта сојот, пренесува „Ил Фато котидијано“. 

„Вакцинирајте се, не правете глупости како мене“ порача 24-годишната Бјанка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Dobroiu (@dobroiubianca)

Бјанка која е со потекло од Романија, е модел која минатата година поминала 80 дена во болница, борејќи се со Ковид-19. 

„Бев наивна дека откако ја прележав инфекцијата не мора да се вакцинирам. Направив тест, имав се уште антитела и верував дека сум заштитена. Сега имам исти симптоми како и пред година дена. Висока температура, главоболка, кашалање, болки по целото тело. Се надевам дека нема да морам повторно да бидам три месеци во болница“ вели Бјанка. 

Таа вели дека е жив пример дека со Ковид-19 можеш да се заразиш два пати и дека не треба да се ризикува, туку да се вакцинира. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот