Првата дама на САД е заразена со ковид, има лесни симптоми

Instagram
Instagram

Американската прва дама, Џил Бајден, денеска добила позитивен тест за ковид-19, соопшти Белата куќа.

По негативниот тест вчера за време на редвоното тестирање, Бајден синоќа започнала да чувствува симптоми слични на настинка. Според портпаролката, брзиот антиген тест повторно покажал негативен резултат, но резултатот од ПЦР-тестот бил позитивен.

Првата дама е двапати вакцинирана, и исто така примила и две засилувачки дози. Според портпаролот на Бајден, таа има лесни симптоми и го прима лекот Пакскловид по препорака на ЦДЦ. Таа ќе се изолира најмалку пет дена, во приватната резиденција во Јужна Каролина.

Претседателот Џо Бајден денеска направил ковид-тест и резултатот е негативен, додаваат од Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот