Прва „жртва“ на корона кризата во Реал Мадрид, клубот сака да го задржи но нема пари за нов договор

epa08779072 Real Madrid's Lucas Vazquez in action during the UEFA Champions League group B soccer match between Borussia Moenchengladbach and Real Madrid at Borussia-Park in Moenchengladbach, Germany, 27 October 2020. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Шпанскиот репрезентативец Лукас Васкез најверојато нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид иако клубот сака да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“.

Васкез кој е продукт на младинската академија на Реал Мадрид има договор со „кралскиот“ клуб со крајот на сезоната, и претседателот Флорентино Перез, иако сака да го задржи својот играч, најверојатно нема да му понуди нов договор. Причината за тоа е незавидната финансиска состојба во Реал Мадрид поради пандемијата на коронавирусот.

Ова значи дека Васкез во јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи, а незавидната ситуација во клубот ги става во неизвесност и преговорите со ветераните, капитенот Серхио Рамос и Лука Модриќ.

Лукас Васкез за првиот тим на Реал Мадрид дебитираше во септември 2015 година и беше дел од тимот кој освои три титули едноподруго во Лигата на шампионите, а има и две титули во Ла Лига и по два шпанску Суперкупа и УЕФА Суперкупа како и еден триумф на Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот