Прва радост за Димитријевиќ во Еврокупот – Слободен печат
КошаркаСпорт

Прва радост за Димитријевиќ во Еврокупот

За разлика од првиот меч во групната фаза, нашиот плејмејкер имаше послаб учинок.

Во рамките од второто коло во кошаркарскиот Еврокуп вечерва Хувентуд Бадалона на домашен терен со резултат 81:68 ја совлада екипата на Бреша.

За разлика од првиот меч во групната фаза кога постигна 10 поени, овојпат македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ имаше послаб учинок.

Нашиот играч во средбата против италијанската екипа за скоро 16 минути игра на паркетот постигна два поени (1/1 од поле), додаде по една асистенција и украдена топка, но имаше и две загубени топки.

Кај неговите тимски колеги во шпанскиот тим прв стрелец беше Клемен Препелич се истакна со 24 поени, а на спротивната страна блескаше Авуду Абас со 15 поени.

Во рамките од групата „Ц“ претходно се одигра мечот Дарушафака-Нантер (72:65), а рундата ќе биде комплетирана в среда со дуелот Уникс Казан-Цедевита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close