Прва лига: ТФТ триумфираше над Гостивар, голем пресврт на Чаир против Кожув

Момент од натпреварот Чаир 2030 - Кожув/фото: kfsm.mk

ТФТ ја забележа петтата победа во низа во Првата македонска кошаркарска лига откако во вториот натпревар од шестото коло славеше, на домашен терен, против Гостивар (79:70), нанесувајќи им го четвртиот пораз на „сино-белите“ во сезоната.

Со 22 поени (и шест скока), Верц го предводеше ТФТ, додека пак на другата страна, онаа гостиварската каде имаше четири „двоцифрени“ играчи, со 17 поени и седум скока најкорисен играч беше Инграм.

фото: kfsm.mk

На Кожув му беа малку и „плус 17“ позитива на паузата за да дојде до победа во Чаир. Играчите на Чаир 2030 успеаја да ја анулираат високата негатива во второто полувреме.

Доволно за нова победа (88:84), петта во шест одиграни мечеви и делба на првото место на табелата со шампионот – МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Моцарт.

Во домашниот тим, во прв поентер се претвори Мофит, кој заврши со ефект од 32 поени (и четири асистенции), Корбет дојде до уште еден „дабл-дабл“ ефект во сезоната, изразен преку 19 поени и 11 скока, а Нацевски имаше 12 поени.

Кришнан ја предводеше листата на стрелците во екипата на Кожув. Американскиот бек реализираше 22 поени, Караџовски 21, Хукиќ имаше 17, а Артисон 12.

Прва лига

Резултати и двојки, шесто коло

Чаир 2030 – Кожув 88:84
ТФТ Моцарт – Гостивар 79:70
Охрид – МЗТ Скопје Аеродром 73:98

5 ноември (недела)

18.00: Вардар – Навико Академија ФМП
19.00: Работнички – Еуро Никел 2005
20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 11 бодови, Чаир 2030 11, ТФТ Моцарт 11, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Гостивар 8, Вардар 7, Охрид 7, Кожув 7, Навико Академија ФМП 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот