Прв предизвик за македонскиот селектор Бајиќ во ФИБА Лигата на шампионите

Селекторот на кошаркарите Драган Бајиќ/Фото: КФСМ

Селекторот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ со својата Игокеа вечерва (18.30 часот), го пречекува солунски ПАОК.

По Евролигата, оваа седмица ќе стартуваат натпреварите и од ФИБА Лигата на шампионите, особено интересна доколку се знае дека учествува и босанската екипа на Игокеа, која со успех ја предводи стратегот на нашите најдобри кошаркари. Тимот од Лакташи да биде дел од групата „Е“ во која се уште и екипите на ПАОК, Галатасарај и Нимбрук. Се работи за еминентно натпреварување, со квалитетни клубови кои имаат огромни вложувања. Голема работа за нашиот куб е што воопшто најдовме свое место во ова друштво. Групата е атрактивна, со големи имиња.

Станува збор за клубови кои имаат многу поголеми буџети, а и многу поголеми амбиции во однос на нас. Меѓутоа, сличен случај беше и минатата година. Но пруживме максимален отпор на секој противник и бележевме одлични резултати. Истото го очекувам и оваа сезона. Нема да биде лесно да го повториме ланскиот резултат, но јас како тренер морам да верувам во она то го работам. Мирам да верувам во овие момци кои ги селектиран. И само така можеме да очекуваме да направиме добра работа – вели Бајиќ.

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: Тофаш – Остенде

18.30: Лаврио – Дижон

18.30: Игокеа – ПАОК

18.30: Клуж Напока – Дарушфака

20.00: Лудвисбург – Банко Де Сардења

20.00: Хапоел Ерусалим – Пинар Каршијака

20.30: Тревизо – ВЕФ Рига

6. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

18.00: Прометеј – Тенерифе

18.00: Нижњи Новгород – Уникаха

18.00: Шомбатели – АЕК

20.00: Галатасарај – Нимбурк

20.00: ЕВЕ Баскетс – Ритас Вилнус

20.30: Стразбур – Калев/Крамо

20.30: Бриндиси – Хапоел Холон

21.00: Манреса – Стал Остров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот