Прв Македонец во историјата на руската СКА! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Прв Македонец во историјата на руската СКА! (ВИДЕО)

Џелил Асани, досега ги бранеше боите на босанскиот фудбалски клуб Младост Добој Какањ, а сега кариерата ја продолжува во Русија.

Асани (роден во Кичево) потпиша договор со рускиот второлигаш СКА Харабовск, екипа која минатата година беше блиску до пласман во руската Премиер лига.

Асани (23) воедно е и првиот Македонец во историјата на клубот од Харабовск. Настапува на позицијата лев бек, потпиша договор на една година со новиот клуб од Русија.

Освен за Младост, го носеше и дресот на Влазрими, Балшка, Металург, Пемброк, Торпедо од Жодин, Шкендија и Мас`ала.

За Напредок имаше 15 мечеви и два гола, за Влазрими 30 дуели и шест погодоци, за скопски Металург 14 средби, еден гол, а за актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, имаше две официјални средби.

За последната екипа Добој Какањ запиша две асистенции во вкупно 27 натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close