Прв Куп трофеј за кумановки

Ракометарките на Куманово за прв пат во клупската историја се победници во Купот на Македонија. Кумановки иако имаа водство во најголемиот дел од натпреварот, Вардар успеваше до самиот крај да ја одржи неизвесноста но на крајот загуби со 24:22.

Куманово поведе со 3:1 на стартот, потоа имаше и предност од пет голови (10:5) но вардарки успеаја да се вратат и на паузата за заминат со негатива од два гола (11:09).

И во вториот дел Куманово успеа да направи предност од 16:12. Екипата на Вардар не се предаваше и успеа да ја анулира предоста на Куманово и да обезбеди напад за изедначување на 13 секунди до крајот но не одираа најдобро, ја загубија топката, а Куманово со гол од пенал ја завери победата.

Ана Шарановиќ со седум голови беше најдобар стрелец во победничкиот тим,додека Трајковиќ даде шест голови. Во тимот на Вардар, Ивона Трпевска беше најефикасна со шест голови, додека Андреа Седлоска и Милица Николиќ постигнаа по четири голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот