Протестите го принудија претседателот на Еквадор да ја напушти престолнината

Илјадници Еквадорци денеска протестираа во главниот град Кито, од каде претседателот Ленин Морено го премести својот кабинет поради антивладините протести и судири.

Таа 17-милионската јужноамериканска држава е погодена од тешка криза и парализирана од затворањето на јавниот превоз и блокади на патиштата.

Во Еквадор насилството трае со денови, а почна минатата недела по одлуката на Морено да ги намали субвенциите доведе до нагло зголемување на цената на горивата. Додека противниците ја обвинуваат владата на Морено за кршење на човековите права, тој објави на државната телевизија дека неговата влада, соочена со закани, се преместува од Кито во пристанишниот град Гвајакил.

Морено рече дека тој е „цел на обид за пуч”, но нема да се откаже од укинување на субвенциите, како дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Прочитајте и...  Хрватска разгледува државно финансирање за скратеното работно време

Морено повика на дијалог за решавање на кризата и го обвини неговиот левичарски претходник Рафаел Кореа дека се обидува да го дестабилизира Еквадор со помош на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Еквадорската влада минатата недела прогласи вонредна состојба што му дозволува да ги ограничи граѓанските слободи. Кабинетот на Морено соопшти дека 570 лица биле уапсени за време на демонстрациите.

Прочитај повеќе

Тепиќ: Го пријавив во Интерпол „исчезнувањето” на српскиот Републички јавен обвинител Загорка Доловац

Слободен печат

МЗ: Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на Ковид-19

Слободен печат

Нови цени на горивата: Цената полека се враќа на периодот пред нафтената криза

Слободен печат

Ципрас: Одговорноста за длабоката рецесија „лежи“ кај владата

Слободен печат

Нови 16 заболени од коронавирус, три лица починаа, 14 се излечени

Слободен печат

Коронавирусот е адаптиран да инфицира луѓе: Дали тоа е случајност или е виновен човечки фактор?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕК: За развој на вакцина и лекови собрани 9,5 милијарди евра

Слободен печат

Експертите предупредуваат: Носењето маски кај деца под две години може да биде опасно

Слободен печат

Бурниот викенд во Милано донесе нова забрана за граѓаните (ФОТО)

Слободен печат

Втор ден без новозаболени од Ковид-19 во Прилеп

Слободен печат

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Слободен печат

Хрватска разгледува државно финансирање за скратеното работно време

Слободен печат