ПРОТЕСТИ ШИРУМ СВЕТОТ: Во Монтреал предводник беше Грета Тунберг

Учениците на протестот ги предводеше токму Грета, која во Монтреал пристигна по учеството на две седници на ОН во врската со климатските промени на 74. Генерално собрание.

Младата Швеѓанка цел ден на Твитер прикажуваше фотографии од протестите посветени за заштита на климата кои вчера се одржаа во целиот свет.

– Среќно на сите кои протестираат ширум светот. Промената пристигнува – напиша Грета.

Таа го сподели својот ентузијазам од сцените во Италија, каде беа одржани масовни собири, како и фотографии од Германија, Шведска и Холандија каде исто така се имаа собрано бројни еко-активисти.

Протести поради климатските промени беа одржани во неколку градови ширум светот, како и во нашиот главен град, во рамките на кампањата „Петок за иднината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот