Протести ширум светот поради убиството на Џорџ Флојд (ФОТО)

Американската амбасада беше мета и на протестите во Берлин, а демонстрантите носеа натписи на кои пишуваше: „Животот на црните луѓе е важен” и „Правдата не може да чека”.

Антирасистички протести се одржуваат во САД веќе шеста ноќ по ред откако бел полицаец го уби невооружениот афроамериканец Џорџ Флојд, а сега се проширија во целиот свет.

Во текот на викендот, демонстранти се собраа во Лондон, Берлин и Окланд, меѓу другите градови, за да се побунат против полициската бруталност и да покажат солидарност со американската јавност, која бара одговорност за смртта на црнецот.

Активисти излегоа на протест на улиците во Цирих, Швајцарија Фото: EPA-EFE/ALEXANDRA WEY

Во Велика Британија, луѓе се собраа на плоштадот Трафалгар и покрај актуелните епидемиолошки мерки, според кои сè уште е забрането собирање на голем број луѓе на јавни места. Дел од нив протестираа пред Американската амбасада.

Протест против полициската бруталност и убиството на Џорџ Флојд и во Лондон Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Американската амбасада беше мета и на протестите во Берлин, а демонстрантите носеа натписи на кои пишуваше: „Животот на црните луѓе е важен” и „Правдата не може да чека”.

Протест пред американската амбасада во Берлин Фото: EPA-EFE/MICHELE TANTUSSI

„Нема правда нема мир”, извикуваа Данците на улиците во Копенхаген додека протестираа против постапувањето со Џорџ Флојд. Во италијанскиот град Милано, масата народ организираше флешмоб пред американскиот конзулат. Протести се одржаа и во Швајцарија, Шведска, Шпанија…

На Нов Зеланд се одржуваа протести во неколку градови и се собраа илјадници луѓе. Истото важи и за Канада.

Протест на поддршка и во Милано, Италија Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Информацијата за убиството на невооружено црно момче стигна до Сирија каде што уметниците Азиз Асмар и Анис Хамдун насликаа мурал со неговиот лик.

Повеќе од 4.400 демонстранти беа уапсени за време на протестите што избувнаа во САД по повод убиството на Џорџ Флојд, а кои траат веќе шест дена. Мирните протести се претворија во вандализам и грабеж низ целата земја, а полицијата мораше да употреби солзавец и гумени куршуми за време на судирите со демонстрантите.

Мурал на Џорџ Флојд во Барселона, Шпанија Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Тројца демонстранти се убиени во судирите со полицијата, еден во Кентаки и двајца во Ајова.

Во Њу Џерси демонстрантите запалиле полициско возило, кршеле прозорци, а во цела земја се забележани случаи на грабежи од искршените продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот