Протест: Жителите бараат во личните карти да се „врати“ Општина Ѓорче Петров

Жителите на населбата Даме Груев во Општина Ѓорче Петров утре во 11 часот ќе организираат протест на улицата Лука Геров, кај раскрсницата до основното училиште „Страшо Пинџур“, незадоволни затоа што во нивните лични документи наместо Општина Ѓорче Петров, како живеалиште е наведено Ново Село.

– Станува збор за сложен проблем кој ни создава доста проблеми и не ја прикажува вистинската слика за местото во кое живееме. Со овој протест ќе побараме Општината Ѓорче Петров да одговори на нашите писмени барања и во координација со другите институции да најде решение на овој проблем – велат жителите во најавата на протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот