Протест во Ѓорче Петров: Со блокада против урбаното дивеење

Во недела точно напладне Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров, ќе одржи протест со блокада на главната улица веднаш по кружниот тек кај „СП Планет“, за да се спротистави на изградбата на згради во населбата Хром. Тие бараат средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски која бараат да се одржи директно на блокадата.

-Нашите напори и преписки со државните институции не вродуваат со плод. Средбите со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски не го дадоа посакуваниот резултат. Урбаната мафија е толку силно вмрежана и вгнездена во институциите и тие што ги водат, за секое барање да заврши во лавиринт и топката се префрлува од едно на друго место без конечен епилог – велат од Иницијативата.

Според нив, Хром се претвори во непрепознатлива населба, слична на Дебар Маало, во која се создаде огромен „кинески ѕид“ од згради долж главната улица, чии инвеститори се однесуваат дрско и насилно.

-Општината, инспекторите не реагираат. Планот дозволува изградба на згради на секое ќоше и е пуштен во најсилен интензитет за изградба. Немаме друга опција и ве повикуваме на блокада на главната улица веднаш по кружниот тек кај „СП Планет“, за да се спротиставиме на урбаното дивеење – се наведува во повикот за протест на Иницијативата за урбано дивеење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот