Промоција на „Енциклопедија на македонски имиња“

Во книгата се опфатени 2.000 македонски имиња, а како што наведува авторот, за секое име е дадено неговото потекло, значење и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името, а толкувањето, пак, е дадено кај оние имиња чии значења ја надминуваат буквалната смисла на зборот или зборовите од кои  се составени имињата. Уште една интересна работа за оваа енциклопедија, како што посочува Стефановски, е тоа што за секое име е наведена информација кога се слави именден, односно со кој светител или со кој новозаветен настан е поврзано името. Издавач на книгата е „Ми-Ан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот