Промоција на две книги од Тихомир Јанчовски во Берово

Тихомир Јанчовски, Фото: Архива

Во Берово утре ќе бидат промовирани новите две книги поезија на Тихомир Јанчовски: „Пред некое време“ и „Несреден век“. Промотор ќе биде Тања Аждаја, а учествуваат и Анѓа Русо и Горазд Китановски-Кени.

– Бидејќи во Берово вистинска промоција на книга, во вид на поетски перформанс, не се одржала никогаш, од ослободувањето на Македонија до денес, се надевам дека оваа ќе го отвори патот и за други такви настани во Малешевијата, каде што културниот живот е оскуден и подзаборавен од централните власти и е исполнет само со фолклорни настани и гостувања на естрадни уметници – вели Јанчовски.

Бидејќи по потекло се од таму, тој и Тања Аждаја го организираат овој спектакл во сопствена режија, за и во нивниот крај да видат една современа поетска претстава, и веруваат дека тоа ќе инспирира многумина млади луѓе од Берово, Пехчево, Русиново, Робово и од другите села во иднина сериозно да се занимаваат со уметноста на зборот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот