Промашив празен гол, а Виеира во соблекувалната ме удри со пенисот

Поранешниот француски репрезентативец, Николас Анелка, за локалните медиуми откри неверојатна приказна кога настапуваше за екипата на Арсенал. Анелка во 1997 година со статус на еден од најталентираните светски фудбалери пристигна во Арсенал кој беше предводен од Арсен Венгер. Веќе во првата сезона со „топчиите“ тој ја освои шампионската титула, а по повеќе од 20 години одлучи да раскаже неверојатна случка.

Откако на натпреварот против Фулам тој промаши празен гол, во соблекувалната имаше непријатна случка со Патрик Виеира.

– Игравме против Фулам и промашив празен гол. Дојдовме во соблекувалната, а Виеира ми пријде и ме удри со пенисот. На никого не му беше јасно зашто го направи тоа – откри Анелка.


Анелка покрај Арсенал, настапуваше и за Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче, Јувентус, Челси, Болтон, ВБА, Шангај и Мумбаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот