Проф. Стојанов: Кога заедницата повикува на солидарност тоа подразбира сите да изгубиме по малку, за потоа сите да добиеме

Оваа вонредна состојба јас ја нареков и филозофска состојба, е кога се соочувате самите со себе. Не бадијала психолозите предвидуваат дека на крајот од оваа пандемија ќе излезат многу несакани состојби. Тука е филозофското око да ги промисли овие работи, вели универзитетскиот професор Трајче Стојанов.

-Јас не сум целосно на линијата дека оваа состојба ги суспендира човековите права и дека е против уставна. Точно е дека Македонија и неколку земји од регионот воведоа мерки со полициски час, но чинам дека тоа имаше оправдувања од неколку причини, изјави Стојанов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

При воведувањето на вонредната состојба и полицискиот час, мора да се земат во предвид околностите.

-Не можете да гледате ригидно и да кажете дека воведувањето на вонредната состојба и полицискиот час ги дерогира целосно правата и слободите на луѓето и дека тоа е уникатно за Балканот и Македонија и дека влегуваме во нова авторитарна фаза.

Мора да го гледате склопот на околности. Во Нов Зеланд беше затворена целата индустрија и стопанството. Во милијарди се броеја штетите. Но, секоја земја си ги дизајнира мерките имајќи ги предвид сопствените капацитети, вели Стојанов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот