Проект за европска железничка мрежа: Ќе се обнови „Транс-Јуроп Експрес“ со супербрзи и ноќни возови

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германскиот министер за сообраќај, Андреас Шоер денеска во Берлин го претстави планот за мрежа на супербрзи железнички линии меѓу европските градови чија реализација би требало да биде финансиски поддржана од Европската Унија (ЕУ), пренесува index.hr.

Шоер впрочем го заживеа проектот „Транс-Јуроп Експрес“, предложувајќи со комбинација на супербрзи и ноќни возови за повторно воспоставување на железничката мрежа меѓу градови во западна Европа што беше затворена во 1987 година, пишува „Ди Цајт“.

„Транс-Јуроп Експрес“ во правата фаза би требало да ги поврзе Берлин и Барселона преку Лион, со предвидено времетраење на патувањето од 13 часа. Мрежата во прво време, исто така, би вклучувала и директни линии меѓу Амстердам и Рим, како и меѓу Париз и Варшава.

Две фази

Првата фаза од планот нема да бара значителни зафати на инфраструктурата. Втората фаза, пак, би ја поврзала јужна Германија со дестинации во источна и во јужна Европа, но и со скандинавските градови, а би вклучувала и довршување на големите железнички проекти, порала германскиот министер.

Како примери ги наведе изградна на железнички јазол Штутгарт 21, изградба на тунел под Балтичко Море со кој би се поврзале Германија и Данска и тунелот „Бренер Басе“ на Алпите, на границата меѓу Австрија и Италија.

– Нашиот концепт ќе претставува основа на која компаниите со брзи и ноќни возови ќе може да восчпостават атрактивни конекции“, рече Шоер пред разговорот со европските колеги во врска со новиот план.

Мрежа до 2025 година

Мрежата би требало да биде воспоставена до 2025 година, а германскиот министер предлага да бидат креирани програми за финансирање во Европската Унија за олеснување при вложувањата и набавките на компаниите.

– Мрежата на супербрзи возови и ноќни возови бо можела да биде воспоставена до 2025 година. Не смееме да губиме време, нагласи Шоер.

Планот за директни железнички врски меѓу европските метрополи беше скициран од германскиот министер во јуни, пред почетокот на германското претседавање со Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот