Продолжуваат борбите во Газа и покрај резолуцијата на СБ на ОН

Газа / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Борбите меѓу Израел и Хамас во Газа продолжија и синоќа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која претходно се побара итен прекин на огнот.

Би-Би-Си пренесува очевидци од Газа кои изјавуваат дека израелски воени авиони синоќа го бомбардирале јужниот град Рафа, додека жестоки борби се водат околу болниците во градовите Кан Јунис и Газа.

Предупредувачките сирени се огласија и во израелските градови во близина на границата со Газа.

Советот за безбедност на ОН вчера ја усвои првата резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ во Газа, по повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот