Продолжува штрајкот во Франција, се очекува „тежок” понеделник

фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Сообраќајните проблеми во Франција продолжуваат и денеска откакво вчера, во четвртиот ден од штрајкот на вработените во железницата,  повеќето француски возови останаа во станиците.

Штрајкот на француските железници РАТП и париските железници СНЦФ, затвори 14 линии на метрото, со само две линии кои работат на автоматски возови без возачи.

Според француските медиуми, денеска се очекува да биде исклучително тешко.

СНЦФ ги советуваше корисниците да ги избегнуваат станиците денеска поради безбедносни причини и потенцијалот за голем метеж.

Сообраќајот на брзите метро линии во Париз, исто така, ќе биде нарушен бидејќи 10 од 16-те линии ќе останат затворени, објави француската радио станица Франс енфо.

За да се избегнат поголемите застои, обичните возила ќе им се овозможи денеска да користат жолти ленти резервирани за градски сообраќај и такси, но само на приодите кон Париз, а не и во самиот главен град.

СНЦФ и РАТП штрајкуваат околу реформите во пензискиот систем што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон.

Железничките синдикати, кои веруваат дека реформата предложена од Макрон нуди послаби услови за пензија и присилува одредени категории да работат подолго, изјавија дека понеделник е клучен ден, но исто така подготвени се да го продолжат штрајкот до католички Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот