Продолжува победничката серија на Хрватска, Норвешка подобра од светскиот шампион

epa08875487 Ana Debelic and Valentina Blazevic of Croatia celebrate during the EHF EURO 2020 European Women's Handball Main Round - Group II match between Croatia and Romania at Sydbank Arena in Kolding, Denmark, 10 December 2020. EPA-EFE/BO AMSTRUP DENMARK OUT

Ракометарките на Хрватска со победа ја започнаа и втората фаза на Европското првенство и го задржаа максималниот ефект во континелниот собир.

Последна жртва на хрватските ракометарки е селекцијата на Романија која е совладана со 25:20.

Одличната серија на „коцкестите“ беше доведена во прашање на почетокот од натпреварот кога романките поведоа со 5:8, но потоа ракометарките на Хрватска ја кренаа одбраната на едно повисоко ниво и на полувреме заминаа со предност од четири гола (14:10).

Во вториот дел, Хрватска имаше целосна контрола на случувањата на теренот и сосема заслужено дојде до четвртата победа во четвртиот натпревар на ЕП во Данска.
Валентина Блажевиќ со седум гола беше најпрецизна кај „коцкестите“, додека во редовите на Романија, Кристина Неагу даде шест гола.

Максималниот учинок го задржаа и Франција и Норвешка откако вечерва беа поуспешни од Шпанија односно Холандија.
Французинките со 26:25 ја совладаа Шпанија, додека Норвешка улогата на главен фаворит за титулата ја оправда со убедливиот триумф над светскиот шампион Холандија од 32:25. Кај Норвежанките блескаше Нора Морк која постигна осум гола.
Минимален триумф оствари и Русија која со 24:23 ја совлада Црна Гора и е четвртата селекција која има максимални четири победи во четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот