Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Фото: МИА

Централниот регистар го продолжи рокот за доставување годишна сметка до 25 март 2021 година.

– Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка, известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.3.2021 година до полноќ, информираат од Централниот регистар.

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот, како што наведуваат, се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.

Потенцираат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Од Централниот регистар наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден, 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, но, посочуваат, сепак Централен регистар, како сервисно ориентирана институција, секогаш е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот