Продавачката која нокаутираше полицајка во Србија и од порано и била позната на јавноста (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Но, жената која многу личи на неа, а како што јавуваат српските медиуми веројатно и станува збор за Садија, и пред овој настан се нашла пред камерите.

Садија Дурмиси се најде во центарот на вниманието кај српската, но и кај балканската јавност, откако на пазар во Белград влезе во конфликт со комунална полицајка.

За потсетување, Дурмиси е „продавачка на црно“, која полицајката се обидела да ја отстрани од пазарот.

Тие две влегле во конфликт, по што оваа жена ја нокаутирала полицајката.

Видеото од оваа пресметка ги преплави социјалните мрежи за само 15 минути откако се случил инцидентот.

Но, жената која многу личи на неа, а како што јавуваат српските медиуми веројатно и станува збор за Садија, и пред овој настан се нашла пред камерите, пренесува Еспресо.рс.

На Јутјуб е објавено видео во кое токму Садија зборува за тоа со каков пијалак би сакала да го „зачини“ дочекот на Новата година.

– За оваа година, би се напила нешто онака, некој овошен сок, но би го зачинила и со некоја вотка. Тоа е добро! – рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот