Проблеми за Гатузо пред куп финалето со Јувентус

твитер

Голманот на „наполитанците“ Оспина беше еден од најзаслужните за пласманот во финалето на Купот на Италија, но ќе го пропушти најважниот натпревар сезонава.

Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успеа во полуфиналето да го елиминира миланскиот Интер во Купот на Италија.

Противник на составот на Џенаро Гатузо во завршната битка за куп трофејот ќе биде Јувентус на 17 јуни (среда) на Олимпискиот стадион во Рим.

Голманот на „наполитанците“, Давид Оспина беше еден од најзаслужните за пласманот во финалето на Купот на Италија, но ќе го пропушти најважниот натпревар сезонава.

Колумбискиот чувар на мрежата заработи жолт картон на реваншот со „неро-аѕурите“ за прекршокот врз Данило, негов втор во натпреварувањето, и на тој начин автоматски доби суспензија еден натпревар во Купот.

Се очекува Оспина да биде заменет од Алекс Мерет кој сезонава запиша 15 настапи во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот