Проблем со струјата причина за пожарот под трибините на стадионот во Тетово

Фото: Тетовоинфо.мк/принтскрин

Тетовските пожарникари синоќа гаснеа пожар што избил под трибините на градскиот стадион. Се запалил еден дел од подтрибинскиот простор, со деловна намена како дуќани или работилници. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.

-На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата”, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Затоа што водата е спроводник на електрична енергија не можевме веднаш да интервениравме па тоа беше направено откако беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгоре и дел од столчињата на стадионот, изјави Ука Алити,командант на тетовската пожарна.

Тетовската противпожарна единица интервенирала со четири возила и девет пожариникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот