„Новопроектирана 3“-нова улица во Тафталиџе 1

Општина Карпош проби нова улица „Новопланирана” 3 во Тафталиџе 1, меѓу улицата „Прашка” и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”.

За нејзина целосна реализација, како што соопшти Општината, беше извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Долж улицата се поставиле и два тротоари за безбедно движење на пешаците.

– Оваа нова улица, во голема мера ќе го растовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж, наведуваат во соопштението.

Локалната самоуправа и во Новата 2020 година, се вели во соопштението, ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата и овозможување на подобар пристап и движење за сите учесници во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот