ФОТО: МИА

Приведено младо момче од Ерџелија, кај него била пронајдена дрога

МВР информира дека вчера во 12.40 часот во селото Ерџелија, Светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот А.Т. од село Ерџелија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, други предмети со остатоци од марихуана и кутија со пиротехнички средства.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот