Приведена жена од гостиварско под сомнение дека опожарила автомобил

Фото: МИА/ Илустрација

Една жена е приведена под сомнеж дека предизвикала опожарување на автомобил во гостиварското село Чајле.

Според СВР Тетово, полициски службеници, ноќеска (24 декември), половина час по полноќ, ја лишиле од слобода Б.Ј. (29) од селото Балиндол. Таа се сомничи дека ден пред тоа (23 декември) во периодот од 23 часот и 30 минути до 24 часот, опожарила патничко возило „бмв” кое било паркирано во близина на куќата на неговиот сопственик С.Ј.(51) во гостиварско Чајле.

Опожарен бил предниот дел на возилото. Се расчистува и документира случајот.

Според сопственикот на опожареното возило, кој непосредно по избивањето на огнот ја затекнал осомничената изјави дека најверојатно станува збор за личност со психичко наршување и дека таа пред десетина денови исто така запалила возило на друга локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот