Приведен разбојник за издржување на двегодишна затворска казна

Апсење /Фото: Профимедиа

Полицијата вчера го лишела од слобода дваесет и едногодишниот Х.Д од Скопје за издржување на казна затвор од две години.

„На 12.10.2023 во 16.05 часот на ул.„Финска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот