Приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети

Вечерва во центарот на Скопје е приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети.

Од МВР соопштија дека е приведен 25 годишниот Д.А оти во неговото возило имало поголемо количество пиротехника.

„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, ни одговорија од МВР.

Приведувањето го реализирале припадници на специјалната полициска единица Тигар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот