Притвореник од Кичево осомничен за пожарот во Битолскиот затвор

Фото Слободен печат

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 20-годишниот А.В. од Кичево, поради постоење на основано сомнение дека предизвикал пожар во затворот Битола.

-Имено, на 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение- соопшти Министерството за внатрешни работи.

По избувнувањето на пламените јазици затворските чувари веднаш ги евакуирале лицата кои издржувале казни или се во притвор, па почнале со гасење на пожарот. Потоа пристигнале битолските пожарникари и огнот веќе бил ставен под контрола.

Притворениците се преместени низ други затвори во државава.

Пожар во битолскиот затвор, евакуирани притвореници, чувари префрлени во болница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот